Виц
Среде Сахара, точно на пладне, бедуин јава на камила. Изнемоштен од горештината, кога одеднаш покрај него прелетува велосипедист. Бедуинот го запира и го прашува како може да вози по таква горештина.
– Во тоа е штосот, колку побргу возиш ветерот повеќе те лади. – му рекол велосипедистот.
Решава бедуинот да проба. Ја тера камилата со галоп, и така половина час, додека не цркнала.
– Уф, да му се невиди, се смрзна! – воздивнал бедуинот.