27/11/2024
Виц

Виц

Влегол еден пијаница во кафана и порачал ракија. Шанкерот го видел дека е пијан и го откачил: 

– Излегувај надвор, не служиме пијаници!

Поминуваат 10 минути и пијаницата повторно се вратил и повторно побарал ракија. 

Шанкерот пак го откачил. 

Не поминале ни 15 минути, а ете ти го пијаниот пак. Му се доближил на шанкерот и го прашал: 

– Извини дечко, има ли некоја кафана во градов во која ти не работиш?