Виц
Некој фармер си купил петел. Веднаш го пуштил заедно кај другите животни, а овој почнал да се качува по кокошки, гуски, патки, направил растур по цела фарма.
Едно утро фармерот гледа на буништето, и што ќе види. Петелот легнат на грб, со нозете кренати во вис, а над него летаат орли, спремни секој момент да слетаат. Фармерот се приближил до петелот и му рекол:
– Еее, мој петелу! Ти реков дека така нема да стигнеш далеку!
А петелот ги отворил очите, и прошепотил:
– Бегај газда, ќе ми ги избркаш орливе!!!