25/11/2024
Македонија

Видео порака Оливер Спасовски

Почитувани граѓани,

Во недела секој од нас има можност да го искористи своето уставно право, суверено и самосвесно да одлучуваме за нашиот сопствен избор.

Министерството за внатрешни работи, согласно своите надлежности го следи целиот изборен процес, а се со една единствена цел – денот на гласање да мине мирно, непречено и достоинствено како што прилега на едно демократско и слободно општество.

Во изминатиот период полициските службеници минаа низа плански активности за квалитетно и ефикасно набљудување и обезбедување на севкупниот изборен процес од неговиот почеток до неговиот крај.

 Почитувани граѓани,

Министерството за внатрешни работи е целосно подготвено да обезбеди достојна и безбедна атмосфера, во која што секој наш граѓанин ќе може да си го оствари своето свето избирачко право.

Подготвени сме одлучно и бескомпромисно да го превенираме секој обид за нарушување на избирачкиот процес независно каде или од кого. Бидете сигурни дека законите и граѓанската волја ќе бидат целосно испочитувани.         

https://www.youtube.com/watch?v=r81n_bhUDjs