23/11/2024
Македонија

Видливи првите позитивни резултати во намалување на загадувањето на воздухот

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули се обрати на прес-конференција.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост неговото обраќање:

Презентација

„Дозволете, во морето информации поврзани со аерозагадувањето, да укажам на неколку факти.

Борбата за здрава животна средина и чист воздух е процес, кој бара координирана и интегрирана акција од сите чинители во општеството, од системски мерки на организациско или институционално ниво, до промена на некои навики кај секој од нас лично.

Секако, ВРСМ и МЖСПП се најодговорни и не бегале никогаш од одговорноста.

Да потсетам, ова е прва Влада што не бега од темата за аерозагадување, ниту ја прикрива, туку напротив прва која презема конкретни мерки.

Факт е дека оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати среднодневни концентрации на РМ10.

Да укажам на некои податоци, секако нагласувам од оние мерни инструменти коишто припаѓаат на Државниот мониторинг центар и кои беа во функција.

Број на денови со среднодневни концентрации над ГВ

2015

2016

2017

2018

2019

Центар

64

63

44

54

31

Гази Баба

56

62

49

27

Карпош

55

64

54

60

24

Лисиче

68

62

70

0

0

Миладиновци

38

57

38

57

31

Ректорат

47

69

66

76

46

Максимална среднодневна концентрација:

2015

2016

2017

2018

2019

Центар

326.5

288.1

352.9

248

124.2

Гази Баба

329.7

340

299.4

113

Карпош

299

335.1

397.2

229

120.7

Лисиче

446.1

454.3

331.8

44.62

0

Миладиновци

125

233.3

177.9

184.7

156

Ректорат

271.1

436.6

436.7

283

134.2

Или пак, ако зборуваме за максималната среднодневна концентрација, и покрај тоа што минатата недела имаше магла и 0 km/h ветер, немавме екстреми како 288, 329, 446 во минатото. Максималните беа 124, 120, во споредба со минатите години, кога биле и 326, 329, 340, 352 во Центар.

Дали е доволно ниско, не. Но трендот на намалување е видлив.

Некои ќе се повикаат на времето, климатските промени, но факт е дека намалувањето е и резултат на заедничка акција на сите.

Резултат на зголемената свест кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега и е дополнителен поттик за оваа влада. Граѓаните, особено помладите и користат превозни средства кои не загадуваат и сепарираат отпад, но и ги убедуваат своите родители да не се греат на дрва.

Сведоци сме на редовни, 24 часовни, построги инспекции од страна на надлежните институции. За прв пат се фаќаат сторители кои палат кабли или стрништа, кон нив се поднесуваат соодветни пријави.

Координираната инспекција драстично ги намали примерите на илегални палења.

Во градот Скопје има повеќе зеленило, ослободени дрва, поставувани се зелени бариери помеѓу пешаците/велосипедистите и возилата, нови паркови, зелени кровови.

Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи.

Нашата земја е шампион во реформи во енергетската политика, го намаливме ДДВ-то за парното греење, ја одржавме цената на струјата и таа е достапен извор за греење, исплатливо е навистина, да се греете на струја.

Но, како комплементарен придонес се и мерките од Планот за чист воздух, прв стратешки документ донесен од некоја влада која директно се справува со изворите на загадувањето.

Мерки во насока на вложување во подобрувањето на енергетска ефикасност, во зголемувањето на зелените површини, и за прв пат мерки за директно справување со изворите на загадување.

Почитувани,

Секојдневно сме сведоци на активности каде, пред сè во градинките и училиштата се интервенира во замена на начинот на затоплување.

Во рамки на Планот за чист воздух:

Замена на нееколошките системи за греење во 45 објекти:

Досега 4 детски градинки од предвидени 12 градинки:

  1. ЈДГ „8 Март“, „Пеперутка 1 и 2“, општина Кисела Вода
  2. ЈДГ „Детска радост” Клон 1, општина Струмица
  3. ЈДГ „Буба Мара – Пчелка 2“, општина Аеродром
  4. ЈДГ „Рада Поцева”, општина Кавадарци

Досега 6 училишта од предвидени 29 училишта:

  1. ООУ „Наим Фрашери”, општина Тетово
  2. ОУ „Браќа Миладиновци” с.Дедебалци, општина Могила
  3. ОУ „Кочо Рацин” с.Трновци, општина Могила
  4. ОУ „Гоце Делчев” с.Радобор, општина Могила
  5. ОУ „Кочо Рацин” с.Лознани, општина Могила
  6. ОУ „Димката Ангелов – Габерот“, општина Кавадарци

Досега 2 административни објекти од предвидени 4 административни објекти:

  1. ЈПКД „Комуналец”, општина Струмица
  2. Зграда на урбанизам и комунални работи општина Струмица

Успешноста на Планот за чист воздух не е само справувањето со аерозагадувањето, туку и заштедата на буџетските средства.

Економска заштеда

1 објект, на пример градинка, троши во една зимска грејна сезона, 16t нафта/екстра лесно масло за греење или околу 13.074 евра. Сега, грејната сезона ќе чини 3,5 до 4 пати поевтино. Односно во 45 објекти (училиштата и повеќе) наместо за набавка на нафта/екстра лесно масло за греење да се трошат 588.330 евра годишно, ќе бидат потребни 4 пати помалку буџетски средства.

Еколошка заштита:

1 објект кој троши 16t нафта/екстра лесно масло за греење емитува 11 kg PM10 годишно. Значи, од 45 објекти во воздухот има 495 килограми PM10 честички помалку годишно.

Презентација

Замена на надворешните прозорци и врати, со цел подобрување на енергетската ефикасност во 28 објекти

Досега 2 детски градинки од предвидени 9 градинки:

  1. ЈДГ „Мајски цвет“, општина Карпош
  2. ЈДГ “Калинка”, општина Гази Баба

Досега 6 училишта и 1 ученички дом од предвидени 12 училишта:

  1. ОУ „Кирил и Методиј”, општина Свети Николе
  2. ОУ „Страшо Пинџур”, Возарци; општина Кавадарци
  3. ОУ „Страшо Пинџур”, Дреново; општина Кавадарци
  4. Ученички дом, Дреново; општина Кавадарци
  5. ЕМУЦ „Киро Спанџов”, Брко; општина Кавадарци
  6. ОУ „Тоше Велков Пепето”, општина Кавадарци
  7. ОУ „Григор Прличев”, општина Охрид

Досега 2 административни објекти од предвидени 7:

  1. Домот на армијата во општина Струмица
  2. Административната зграда на општината Шуто Оризари

Успешноста на Планот за чист воздух е и подобрувањето на енергетската ефикасност на објектите, и овозможување на заштеда и на топлинска енергија и намалување на сметките за загревање за 30%.

Ова е патот на успехот. Патот по којшто поминале повеќе европски земји. Пат по којшто со сличен, скоро ист план работат Чешка, Полска, Словачка и Бугарија.

На крај дозволете уште еднаш, без да бегаме од одговорноста, да апелирам на заеднички акции, успехот е можен само со координирани, заеднички акции на граѓаните, деловната заедница и локалните и државните институции.

Благодарам“.

Презентација