22/11/2024
Охрид

Викенд акција за чистење на плажата „Лабино“

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ заедно со жителите на стар град и  членови од Здружението за заштита и одржлив  развој на животната средина  „5 до 12“ од Охрид викендов работеа на расчистување на плажата Лабино од разновиден   отпад.  Во акцијата се отстрануваа трње, коров, бршлен и останати  ниско стеблести растенија. Се средуваа и   крошните од дрвјата.

Отпадот со чамци  се транспортира до  река „Грашница“ од каде се подига од службите на ЈП „Охридски Комуналец“.

Плажата  „Лабино“ најмногу е  посетувана од локалните жители од стариот дел на градот и  во изминативе години беше  една од ретките слободни плажи на охридската ривиера.

Акцијата за чистење на оваа плажа е дел од  Младинското еко лето  и е поддржана од невладината организација „Civika Mobilitas“.