Викендов ќе се изврши канонизација на Преподобните Спасе Вевчански и Спаса Вишенска
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 08. јуни 2024 година (сабота):
– 16:00 часот во селото Вишни ќе се служи воскресна вечерна богослужба и измивање на моштите на Св. Спаса.
– 17:00 часот во катедралниот храм „Св. Софија“ – Охрид ќе се служи воскресна вечерна богослужба.
– 18:00 часот пречек на моштите на св. Спаса и последен парастос.
На 09 јуни (недела):
– 07:30 часот утрена воскресна богослужба
– 08:45 часот пречек на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
– 09:00 часот света архиерејска литургија и објавување на одлуката за канонизација на св. Спасе и св. Спаса Вишенски. На архиерејската литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со сите претставници на Архиерејскиот синод на МПЦ-ОА, и претставници од помесните православни цркви.
(ЕДНОЦРКВИЕ)
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.
WebOhrid / 06.06.2024 / Дебарско-кичевска епархија