26/12/2024
Спорт

Викендов во Охрид ќе се одржи Ф4 ракометен турнир во младинска категорија

Викендов кој доаѓа во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се одржи завршниот турнир во Младинската ракометна лига на кој учество ќе земат најдобрите четири екипи од регуларниот дел во сезоната.

Довербата за организација од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја доби Ракометниот клуб Охрид, кој на големо се подготвува за собирот на најдобрите екипи во младинска конкуренција.

Полуфиналната програма ќе ја отворат екипите на Струга и Металург кои ќе се сретнат во 17 часот, а ќе ја затворат домаќинот Охрид и КЛ7 со дуелот во 19 часот. Мечот за трето место ќе се одигра в недела во 15 часот и 30 минути, додека финалето е закажано за 17 часот и 30 минути.

Распоред:

Сабота 30.03.2019

17:00 Струга – Металург

19:00 Охрид – КЛ7

Недела 31.03.2019

15:30 Меч за трето место

17:30 Финале