Викендов во Охрид ќе се одржи Меѓународна едриличарска регата 2022
Овој викенд 24.09 – 25.09.2022 на Охридското Езеро се организира Меѓународна едриличарска регата. Отворањето е во сабота во 10:00 часот. На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на општина Охрид – Кирил Пецаков и конзулот на Р.Србија во Охрид – Михајло Филев. На регатата ќе учествуваат околу 50 едрилици од клубови од Македонија, Србија и Бугарија.
Сабота 24.09.2022
Свечено отварање 10:00 часот
Плажа Горица 1 К’j Дивоно
Регатно Поле: Охридски Залив
класи: Optimist, ILCA 4, 470.
Учесници од клубовите:
– J.K Палич – Палич, Србија
– J.K Панонија 1975 – Бела Црква, Србија
– Ј.К Смедерево-Смедерево, Србија
– Ц.С.Ј.Ц – Централ Софија Јахт Клуб – Софија, Бугарија
– Е.К Снегар – Струга
– Акватика Јахтинг – Охрид
Организатор: Акватика Јахтинг – Охрид
Покровител: Едриличарска Федерација на Македонија и Општина Охрид.
WebOhrid / 22.09.2022