Викендов започнува 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023“.
Во сабота (5 август) во селото Белчишта, општина Дебрца, во 19:30 часот, свечено ќе биде отворена 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023“. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на нејзиниот основоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески.
Свеченоста, на која е предвидено ликовно изненадување, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година, а обновена во 2005 година.
На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат 10 ликовни уметници и тоа:
1. Маестро Јордан Манасиески – Охрид
2. Маестро Ставре Димотров Стадим – Скопје
3. Маестро Запро Запров – Скопје
4. Г-дин Војдан Запров – Скопје
5. Натали Николоска – Скопје
6. Андреј Антевски – Куманово (најмладиот учесник на овогодинешната Колонија)
…и странските автори:
1. Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул)
2. Петар Бељашки – Бугарија
3. Велислава Пожгорска – Бугарија
4. Светлана Солодова – Русија.
Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што завршува на 13 овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.
WebOhrid / 03.08.2023 / Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023“