Високи партиски функционери од СДСМ присуствуваа на црковно-народниот собир во Скребатно
По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, високи партиски функционери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предводени од Министерот за здравство Венко Филипче денеска беа дел од традиционалниот црковно народен собир во охридското село Скребатно.
Министeрот го придружуваа Пратеничката Жаклина Лазаревска, Градоначалникот на Општина Охрид Јован Стојаноски, Претседателот на Општинската организација на СДСМ Лазе Танески и бројни членови на општинското партиско раководство од Охрид.
„Овој голем празник нека биде показател за нашите стеремежи за градење на заедничко општество кое ќе биде затемелено на меѓусебно почитување и помагање. Посакуваме овие празнични мигови да донесат мир и благосостојба во сечиј дом.
Нека ни е за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица.“ – стои во честитката од ОО СДСМ Охрид.