„Визер ер“ го прославува првиот современ воздухоплов „Ербас“ А321 во базата во Скопје
„Виз Ер“, најголемата воздухопловна компанија со ниски цени во Централна и Источна Европа и водечката воздухопловна компанија во Македонија, вчера го прослави стационирањето на својот прв најсовремен воздухоплов „Ербас“ А321 во базата во Скопје. Наполно новиот воздухоплов полета на својот прв лет вчера наутро од Меѓународниот Аеродром Скопје до прекрасното Малме, со речиси полн авион со повеќе од 200 патници. Покрај линијата за Шведска, воздухопловот ќе лета на популарните линии до Париз, Нирнберг, Фридрихшафен, Франкфурт-Хан, Минхен и Рим.
Со 230 седишта, „Ербас“ 231 е најефикасниот патнички авион со еден простор меѓу седиштата. Супериорната оперативна економичност на авионот значи дека „Виз Ер“ нуди повеќе седишта до повеќе дестинации по најниски цени, истовремено испуштајќи најмали емисии на гасови и најмала бучава во својата класа. Освен освежениот тапацир, А321 на „Виз Ер“ има нови бои во ентериерот, посветол амбиент во делот за патниците, помеки, кожни седишта и поголем избор на места за седење. На 16 јуни, „Виз Ер“ ќе стационира уште еден „Ербас“ А321 во својата база во Скопје, зголемувајќи го на тој начин својот капацитет за летови на најпопуларните линии. Новата флота на „Виз Ер“ во Скопје се состои од 4 современи летала „Ербас“ А320 и А321, што претставува инвестиција од 438,6 милиони американски долари.*
Во моментот, „Виз Ер“ нуди 30 линии до 14 земји од двата македонски аеродрома, во Скопје и во Охрид. Неодамна, „Виз Ер“ најави нова линија по ниска цена, од Охрид до културно богатата Виена во Австрија. Се на сè, оваа година воздухопловната компанија го зголемува вкупниот број на седишта што ги нуди на 1,6 милиони, што е за 23% повеќе одошто во 2017 година, продолжувајќи да го стимулира пазарот и да воведува повеќе вистински пристапни можности за патување, почнувајќи од само 599 денари.**
За да го прослави пристигнувањето на новиот воздухоплов А321, како дел од кампањата #WIZZaroundEUROPE, еден среќен патник на првиот лет со новиот воздухоплов од Скопје доби „Виз Ер“ ваучер во вредност од 321 евро, со што на добитникот му беше овозможено дополнително да ги истражи задоволствата што ги нуди широко распространетата мрежа на „Виз Ер“. Сите што се заинтересирани да дознаат повеќе во врска со најголемото проширување на капацитетот во историјата на „Виз Ер“ со 21 летало распоредени низ базите на компанијата во Европа во поддршка на 700 дополнителни неделни полетувања во текот на 17 недели, од март до јули, може да ја следат кампањата #WIZZaroundEUROPE на социјалните мрежи и да откријат нови забавни изненадувања и онлајн наградни игри.
„Виз Ер“ за првпат полета од Скопје во 2011 година и, оттогаш до денес, компанијата прерасна во водечки превозник на Меѓународниот Аеродром Скопје. Во првите четири месеци од 2018 година, „Виз Ер“ превезе повеќе од 360.000 патници на своите летови по ниски цени до и од Македонија, што претставува пораст од 21% на годишно ниво. На ниво на земјата, работењето на „Виз Ер“ оваа година ќе обезбеди поддршка на 750 работни места** во поврзаните индустрии.
Сорина Рац, в.д. Раководител на корпоративни комуникации на „Виз ЕР“, изјави: „Одушевени сме што го прославуваме првиот комерцијален лет на нашиот воздухоплов А321 стациониран во Скопје, кој е најефикасниот патнички авион со еден простор меѓу седиштата. Тој ни овозможува да го зголемиме капацитетот на најпопуларните линии на „Виз Ер“, нудејќи притоа најниски можни цени. И понатаму остануваме посветени на нашите македонски клиенти и нивните посетители и на постојано воведување можности за пристапни патувања до земјата. Нашиот љубезен персонал со нетрпение очекува да ви посака добредојде на нашиот најсовремен „Ербас“ А321!“