Вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 4.148 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 398.243 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Со последните бројки 39 % од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.