27/11/2024
Охрид

Владата додели 38 милиони денари за реконструкција на кејот во Охрид

Езерскиот кеј во Охрид ќе добие нов изглед. Како дел од проектите на актуелната власт во општина Охрид, кејот, едно од најпрепознатливите обележја на градот по долг период ќе биде целосно реконструиран. За овој проект дел од средствата во висина од 38 милиони денари веќе се обезбедени со одлука на Влада за реконструкција и целосна обнова на кејот во Охрид.

Од секторот за урбанизам  на општина Охрид највуваат дека со реконструкцијата е предвидено да се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона.

Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бекатон плочки и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи.

Проектот за обнова на кејот вклучува и замена на канделабрите и на клупите за седење. Целиот кеј е планиран да биде партерно и хоритикултурно уреден. Со реконструкцијата Кејот ќе добие нов и урбан лик а градот ќе добие јавни површини достојни за еден културен и туристички центар.