22/11/2024
Македонија

Владата ги усвои Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2018 година

Владата на вчерашната 50-та седница усвои неколку Програми по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и информации за распишување на јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и над 3 хектари.

На вчерашната седница се усвоија Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој за 2018 година. Во Програмата за директна финансиска поддршка во земјоделството, се имплементирани мерките за поддршка на доходот на земјоделските стопанства, односно мерките за директни плаќања за растително и сточарско производство, како и мерките за дополнителна поддршка, како што се помош во премии и осигурвање, заштита на земјоделско земјиште, помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани кои се случиле во 2016 година и во 2017 година, дополнителна помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани кои се случиле во 2016 и во 2017 година, финансиска поддршка за складирање на пченица од домашно производство од род 2018 година и друго. Со усвојувањето на Програмата , непречено продолжува исплатата на субвенциите за 2017 година, кои се исплаќаат во две буџетски години односно во 2017 и до законскиот рок 30.06.2018 година. Висината на финансиските средства за оваа Програма се во износ од 6.210.500.000 денари.

Со усвојувањето на Програмата за рурален развој, се овоможува објавување на огласи за мерките од оваа Програма. За спроведување на мерките од Програмата за рурален развој се обезбедени 2.132.000.000 денари.

Со усвоената Програма за семе и саден материјал, се спроведува внесување на сорти на земјоделски растенија во националната сортна листа, контрола над производството на сертифициран семенски и саден материјал, чување на семенски и саден материјал, имплементација на подзаконски акти од областа на семенски и саден материјал и нивно изготвување и усогласување со ЕУ законодавството.

Целта на усвоената Програма за спроведување на мониторинг во областа на производството, преработката, складирањето, дистрибуцијата, употребата и сообразноста на ѓубрињата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата, како и контрола на квалитетот на ѓубрињата,биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почватаza 2018 година, е да се утврди/провери дали содржината на хранливите елементи од ѓубрињата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата е во согласност со декларираната. Програмата за спроведување на мониторинг во областа на производството, преработката, складирањето, дистрибуцијатa, употребатa и сообразноста на производите за заштита на растенијата и резидуи од производи за заштита на растенијата во производи од примарно земјоделско производство за 2018 година, опфаќа испитување на сообразноста на декларираната количина на активна компонента во соодветниот производ за заштита на растенијата при производството, преработката, складирањето, дистрибуцијата и употребата на производите за заштита на растенијата,, како и проверка на присуство на резидуи од производи за заштита на растенија кои се користени за заштита на примарните земјоделски производи од растително потекло.

Усвоената Програма за фитосанитарна политика за 2018 година, опфаќа фитосанитарен мониторинг за 2018 година со што ќе се утврди статусот со карантински штетни организми на територијата кај семенски и меркантилен компир, овошни видови и винова лоза, градинарски култури на отворено и во затвроен простор и тутун и други активности. Со годинешната програма се додадени штетници од наоди од Руска Федерација.

Со усвоената Програма за развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот под заштита во репроцентрите за 2018година, се уредува развојот и унапредување на ловството како и одгледувањето и заштитата на дивечот под заштита во репроцентрите,

Владата на вчерашната седница ја усвои Програмата за проширена репродукција на шумите за 2018 година, во износ од 19.500.000,00 денари, пари кои ќе бидат наменети за пошумување на голини и ерозивни земјишта во државна сопственост со садници, пошумување на голини и ерозивни земјишта во приватна сопственост со садници, нега со прореди за подобрување на квалитетот на шумскиот фонд, отстранување на последиците од шумски пожари, заштита на шумите и шумските култури од растителни болести и штетници

На вчерашната седница, Владата ја усвои Методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство.Со оваа методологија се врши процена на пазарната вредност на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство. При утврдување на пазарната вредност на земјоделското земјиште земаат во предвид местоположбата на земјоделското земјиште, степенот на уреденост на земјоделското земјиште и видот и намената на објектите изградени на земјоделското земјиште.

Исто така Владата на вчерашната седница, ги усвои и информациите од МЗШВ, за објавување на на јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и над 3 хектари.Со огласот за над 3 хектари се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во Виница, Гевгелија, Струга, Кавадарци, Кратово, Кочани, Неготино. Предмет на јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари преставува земјоделско земјиште во Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево и Прилеп. По овјавување на Одлуката за двање согласност на Јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во Службен весник на РМ, Министерството огласот го објавува во најмалку три дневни весници.