26/11/2024
Македонија

Владата на Република Македонија ја одржа 35-та седница

Владата на Република Македонија на денешната 35-та седница, го разгледа и утврди текстот на Придонесот на Република Македонија кон Извештајот на Европската комисија. Текстот се однесува на прашалникот на Европската Унија за утврдување на напредокот на земјата во интеграцискиот процес со ЕУ.

На денешната седница владата го отвори процесот за измени и дополнувања на Законот за јавни набавки со кој се предвидува преиспитување на улогата на Советот за јавни набавки, вклучително и можноста за негово укинување.