Владата на РМ денес ја одржува редовната 70-та седница
На предлог на министерството за економија на дневен ред на денешната седница на Владата се неколку предлог-закони, односно Предлог-законите за изменување на Законите за безбедност на производите, за заштита на потрошувачите и на законот за контрола на предметите од скапоцени метали.
Како материјал за информирање пред министрите ќе се најде информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот – Подобрување на квалитетот на податоците во катастарот, како и информацијата од Работната група за приоритетот „Младинска работа“ со конкретни предлози, план/програма за работа и очекувани идни активности од страна на Владата и другите државни институции.
Министрите на 70-тата седница ќе ја разгледуваат информацијата за степенот на реализација на активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија – ревизија 2017 година, предвидени за реализација заклучно со последниот квартал од 2017 година.
На предлог на министерството за локална самоуправа, на дневен ред се и Предлог-одлуките за доделување на средства за финансирање на проекти од развој на села 2018-та година, како и за доделување на средства за финансирање на проекти од развој на плански региони 2018-та година.
Владата, на барање на Собранието на Република Македонија на денешната седница треба да даде и мислење за Предлог-законот за изменување на Законот за акцизите.
70-тата седница на Владата на Република Македонија ќе започне во 12:00 часот.

70-тата седница на Владата на Република Македонија започна во 12:00 часот.