23/11/2024
Македонија

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на покојниот поранешен претседател на Македонија, Киро Глигоров

Владина делегација предводена од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, придружуван од министерката задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, положи свежо цвеќе на гробот на покојниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој почина на денешен ден во 2012 година.

Киро Глигоров беше избран за Претседател на Република Македонија на 27 јануари 1991 година и беше на функцијата до 19 ноември 1999 година.

За време на неговиот мандат се случиja некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија: На референдум на 8 септември 1991 бeше прогласена независноста на земјата, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат. На 17 ноември 1991 беше донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите нации.