Влажна и постудена воздушна маса со врнежи од дожд и снег за време на викендот
Од УХМР известуваат дека за време на викендот, под влијание на влажна и постудена воздушна маса, ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег.
Пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота. Се очекува вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови да надмине 30л/м².
На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.