22/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ апелира надлежните да ја стават во функција рампата на пристаниште кај „Фаќачот на крст“

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески е тотално незаинтересирана за решавање на проблемите на охриѓани.

Веќе подолг период не работи рампата на пристаниште кај Фаќачот на крст.

Од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ нема никаква загриженост поради тоа што им се ограничува движењето на граѓаните поради неисправната рампа.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до надлежните да ги преземат сите мерки да ја стават во функција рампата за да може непречено да се движат граѓаните и туристите.

Доколку надлежните не можат да го решат овој проблем, тогаш како да очекуваме дека ги решат поголемите проблеми во градот за кој ги излажаа охриѓани.

Со СДСМ и Георгиески правиот пат наједноставно е попречен со рампа и нема напред за Охрид!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.