26/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ бара итна исплата на задоцнетата плата на вработените во Филмската академија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во врска со задоцнетите плати на вработените во Филмската академија.

„Власта предводена од СДСМ воопшто не се грижи за подобар живот и повеќе пари за граѓаните во време на пандемија.

На вработените во ЈНУ Институт за филм – филмска академија – Охрид сè уште не им е исплатена платата за месец септември и покрај законската обврска за исплата на плати најдоцна до 15 идниот месец.

Владата и министерката за образование и наука, Мила Царовска наместо да ги решаваат проблемите во образованието тие создаваат нови. Пратеничката од власта, Жаклина Лазаревска, како претседател на Комисијата за образование, наука и спорт воопшто не презема никакви мерки за исплаќање на задоцнетите плати на вработените.

Како што локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески си поигруваа со платите во образованието така и неговите ментори го уништуваат тоа што претходно се направило.

За жал, со власта на СДСМ нема напредок за универзитетите и уште долго време нема да нѐ има на Шангајската листа.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно да им биде исплатена задоцнетата плата за месец септември на вработените во Филмската академија.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.