22/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Безбедноста на граѓаните е доведена во прашање поради несовесноста на Георгиески

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Безбедноста на граѓаните е доведена во прашање поради несовесноста на Георгиески.

Доказ за тоа е т.н. проект на Георгиески кружен тек на улица „Железничка“.

Претходно се крена асфалтот на улицата „АСНОМ“ сега пропадна асфалтот на кружниот тек на улицата „Железничка“.

Апелиравме дека градежните активности на кружниот тек се прават на своја рака и незаконски.

Кога немаш никаква градежно-техничка документација тогаш резултатот е катастрофален, па ќе импровизираш.

Поради неспособноста и несериозноста на Георгиески во прашање се доведени човечки животи.

За ваквото неодговорно работење на Георгиески следува казна од граѓаните на локалните избори.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.