25/11/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Да дојде Сугарески што поскоро и со труби, тапани, ора и чочеци, да пушти 14.4 метри од патот Струга-Ќафасан

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати соопштение до медиумите во кое стои: 

„Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески деновиве изјави дека интензивно се работи на патот Струга-Ќафасан.

Не само што не се работи и гради, туку како што гледате на сликите, после повеќе од 6 месеци чекање на семафор, „се изградија“ цели 14.4 метра од патниот правец и со тоа, сите ние се уверивме во „способноста“ и „посветеноста“ на Владата и нејзините министри.

Затоа го повикуваме министерот за транспорт и врски, да дојде што поскоро и со труби, тапани, ора и чочеци, свечено да ги пушти во употреба овие 14.4 метри од патниот правец.

За едно сме сигурни, а тоа е дека оваа власт е способна само за помпезни прослави, притоа трошејќи ги државните пари. А народот и неговите основни потреби ќе мора да почека некои подобри времиња.

Ви се ближи крајот!

#Блескате!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.