ВМРО-ДПМНЕ: Дали Ногачески ја прифатил посочената локација за изградба на депонија во Дебрца?
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Деновиве сме сведоци на средба помеѓу премиерот Заев и Градоначалниците на општините во однос на решавањето на проблемот со депонирањето на отпадот, на која средба премиерот им порача да бидат одлучни и да ги прифатат предложените локации за изградба на регионални депонии. Поради тоа го прашуваме Ногачески дали ја прифатил посочената локација за изградба на депонија во Дебрца, како што пред извесен период пишуваше еден локален интернет портал кој тврдеше дека Ногачески со уште еден бизнисмен од Дебрца за голема сума пари ја прифатиле посочената локација во Годивје.
Полека почнува да станува јасно зошто Ногачески и тогашната советничка листа на СДС на чело со бизнисменот од Дебрца, беа категорично против одржувањето на референдумот покренат од поранешниот Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Дебрца Игор Трајкоски кој успешно го спроведе и на кој граѓаните одлучија дека се против изградбата на оваа депонија.
Би сакале да го запрашаме Ногачески зошто не ја почитува волјата на народот и да му стави до знаење на премиерот дека народот е против депонија или можеби неговата лична цел е постигната со манипулација, ветувајќи едно, спороведувајќи друго, станувајќи градоначаник, а сега тивко молчи и сака дебело да се нафатира на грбот на жителите на општина Дебрца.
Познавајќи го каква личност е кога си ја продаде матичната партија, така не ќе му биде проблем да ги продаде и жителите на Дебрца.“ – стои во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.