23/11/2024
Дебрца

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца ги повикува сите жители да се приклучат на протестот против изградба на регионална депонија

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца ги повикува сите членови, симпатизери како и сите жители на општина Дебрца да излезат во Недела на 22.04.2018 година, на масовниот Протест кој го организира Здружението против изградбата на регионалната депонија во општина Дебрца.

„Сите заинтересирани да ги следат и почитуваат насоките од организациониот одбор. Воедно ги повикуваме надлежните институции, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Владата на Република Македонија да ја отфрлат идејата за изградба на оваа Депонија, бидејќи Дебрца претставува најчистата општина во Државата, Дебрца е најголемото сливно подрачје на Охридското Езеро кое е заштитено со Закон и под заштита на УНЕСКО.

Исто така го повикуваме премиерот Зоран Заев да си достои на дадениот збор за време од локалните избори во Белчишта и си го додржи даденото ветување со што Дебрца ќе биде ослободена од оваа налудничава идеја.“ – стои во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.