22/11/2024
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Денес протест во Скопје, заеднички да порачаме – Оставка на Заев, слобода на народот!

„Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна.

Граѓаните на Република Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес на сенароден протест, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија. Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ „Борис Трајковски“ во Општина Карпош и СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.