ВМРО-ДПМНЕ: Директорката на ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга дала наредба за бришење на сонцето од Кутлеш од спортското игралиште
ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Денес сме сведоци на еден бесрамен вандализам во училиште во Струга!
Имено, директорката на ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга, Лидија Гогоска (кадар на СДСМ, се разбира) им дала наредба на служителите да го уништат македонскиот симбол – сонцето од Кутлеш од спортското игралиште.
Замислете, колку злоба и нечовечност треба да имате за да сторите вакво дело!
Па, да Ве запрашаме директорке, во која држава сте родена и во која држава живеете?
На кое училиште сте директорка?!
Каков пример сте за децата и вработените во тоа училиште?!
Зарем немате срам и малку љубов кон татковината и светите бои?
Зарем е поважна, во овој момент политиката и партиските инструкции, од се она што е свето за нашата Македонија?
Дали ќе ја дадевте истата наредба за бришење доколку се работеше за друго знаме и симбол???
Вие сте еден голем срам за Струга и за Македонија!
Ве повикуваме, веднаш да си дадете неотповиклива оставка и партиските задачи и инструкции спроведувајте си ги дома, а не во училиште каде треба да сте пример за останатите со Вашето однесување!
Но, срамот е само Ваш!
Еден ден ќе жалите, ама историјата ќе ве забележи како вандал на сосптвената држава и народ!
Некој за боите свети, некој за парите клети!
Вие сте од тие вторите, за жал!
И не заборавајте, секоја функција е минлива, секоја власт е менлива, а образот е еден и вечен!
Вие денес си го извалкавте за цел живот!
Ова е непростливо!
На 15ти сите злодела ќе ви се удрат од глава како бумеранг!
Доста е со понижување на Македонија и македонскиот народ!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.