22/11/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот инспекторат за локална самоуправа да изврши вонреден инспекциски надзор за работата на Општина Струга

Денес во Струга се одржа прес-конференција на која говореше координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга, Дејан Пауноски.

https://www.facebook.com/1151722591632346/videos/357141361780198/

„Почитувани стружани, сите ние сме сведоци дека 2018 беше мрачна година, како за Струга, така и за Република Македонија. Тоа беше година на тешки и тажни судбини на граѓаните, лажни ветувања и изневерени очекувања.

Откако локалната власт во Струга е во рацете на градоначалникот Рамиз Мерко и неговите коалициони партнери од СДСМ, градот не само што не мрднува од мртва точка, туку се уназадува со енормна брзина и секако, сето тоа на штета на граѓаните.

За жал, буџетот на општина Струга за 2019 година е само уште еден доказ за тоа, како по примерот на централната, така и локалната власт во Струга, ги остава стружани со помалку пари во 2019 година.

Имено, на седницата на Советот на општина Струга, која се одржа на 27.12.2018 година, се гласаше Предлог- буџетот на општината за 2019 година, но истиот не беше поддржан од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од причина што предлогот е неразвоен и не содржи никакви капитални инвестиции за стружани.

Во споредба со 2018 година, намалени се вкупните приходи за околу 8% и даночните приходи за цели 19%. Намалени се средствата за реконструкција на струшката депонија, како и за изградба и реконструкцијата на улици и патишта. Најголемо намалување се предвидува во капиталните приходи, дури за 90% во споредба со ребалансираниот буџет од минатата година, или за 144.190.000 денари.

Од друга страна пак, зголемени се средствата за плати, а со тоа, очигледно се планира и се најавува зголемување на веќе обемната општинска администрација и на тој начин, ќе се вдомуваат уште повеќе партиски кадри.

Истата општинска администрација поради неажурност во своето работење, не ги достави навремено материјалите за Предлог- буџетот, за да можат истите да се разгледаат и да се дадат соодветни предлози, па затоа советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ја гласаа таа точка.

Ја известуваме струшката јавност дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат барање за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за локална самоуправа поради непочитување и повреда на одредбите на Законот за локална самоуправа, Статутот и Деловникот за работа на општина Струга.“ – истакна Пауноски.