ВМРО-ДПМНЕ: Една година катастрофално менаџирање на ЈП „Градски пазар“
Во врска со отчетот на ЈП „Градски пазар“ реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во која стои:
„ЈП „Градски пазар“ претрпе финансиски потешкоти и отежнати услови за работа во пазарот со една година катастрофално менаџирање.
Директорката Кристина Крлеска-Деспотоска набројаните активности во отчетот да ги поткрепи со фотографии за да можат граѓаните да видат навистина што и колку сработиле. Градбата на затворениот пазар досега требаше да биде завршена и дополнително да биде поставен нов покрив, нова фасада и поделба на Хала за текстил на две нивоа.
Дали намерно се одолговлекува заради тоа што не се дислоцирани тезгите во пазарот за да може инвеститорот да ги започне и заврши другите обврски од договорот со фасадата, покривот и халата? Дали заради тоа може да се доведе во прашање нормалното работење на пазарот?
Директорката Крлеска-Деспотоска и градоначалникот Стојаноски зошто го толерираат изведувачот и дали навистина не му наплаќаат пенали? Со тоа свесно нели го прекршувате Законот?
Дали Претријатието поседува основен проект и одобрение за градба за малото пазарче и кванташкиот пазар или овие градби се дивоградби со што е прекршен Законот за градење и направено е кривично дело?
Дали оградите на мостови, детски и спортски игралишта ги изработувате по Проект основен, одобрен од институција и дали имате квалификувани луѓе со соодветно образование и сертификати, за поставување, градба и заварување на огради и за изградба на огради на мостови?
Наместо доизградба на затвгорениот пазар, охриѓани добија повисоки цени за тезгите, стагнација и беда. СДСМ и градоначалникот Стојаноски од животот што го ветуваа донесоа само уназадување на Охрид.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.