ВМРО-ДПМНЕ: Галичица гори веќе неколку дена, а Георгиески никаде го нема!
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Галичица гори веќе неколку дена, а Георгиески никаде го нема!
Каде е Георгиески додека е загрозен Националниот парк?
Георгиески беше да направи увид на опожарена барака само за политички маркетинг, а сега кога вистински треба да се појави се крие.
Дали нема време од предизборното асфалтирање улици и фотографирањето?
Од справувањето со пожарот не видовме дури ни тековно и навремено информирање.
СДСМ и Георгиески се тотално изгубени.
Нема полошо за Охрид од Георгиески и СДСМ.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.