22/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески да го разреши Директорот на ЈП „Водовод“

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите коешто се однесува за точката на Совет за предлог-разрешување на Директорот на ЈП „Водовод“ – Охрид.

„Вистинското лице на СДСМ го гледаме кога се власт затоа што едно ветуваат пред избори, а друго практикуваат кога ја имаат власта во свои раце.

Наместо да им помогнат на охриѓани во време на пандемија и економска криза, тие им испорачаа поголеми сметки за плаќање со повисока цена на вода за пиење и двојно поголеми сметки за колектор.

Градоначалникот Георгиески и Директорот на ЈП „Водовод“ своето недомаќинско работење го надополнуваат со нови партиски вработувања на сметка на парите на граѓаните.

На предлог на ВМРО-ДПМНЕ Охрид на 58 седница на Советот на општина Охрид има точка на дневен ред со која се бара од градоначалникот Георгиески да го разреши Директорот на ЈП „Водовод“ – Охрид.

Предлог-разрешувањето на Директорот е поради катастрофалното менаџирање, направената загуба од 6 милиони денари и покрај повисоките цени на водата за пиење и предизборните партиски вработувања.

Ги повикуваме останатите советници да го поддржат барањето за разрешување на Директорот на ЈП „Водовод“ и еднаш засекогаш да се стави крај на недомаќинското работење и свесно финансиско уништување на јавните претпријатија во Охрид.

Граѓаните очекуваат таткото на градот да ги застапува интересите на охриѓани, а не да биде заложник на личните и партиските интереси.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.