23/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески да ја разреши Директорката и да го откаже настанот на градскиот базен спречувајќи дополнителна штета

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Георгиески да ја разреши Директорката на ЈП ,,Билјанини извори” затоа што два дена се одржуваат забави на градскиот базен.

На самиот базен каде што пливаат децата од пливачките школи и рекреативците сега има расфрлано шишиња, пикавци, срчи, ѓубре.

Дали има цена желбата на децата да пливаат и спортуваат?

Дали на ваков срамен начин Власта и Јовановска ги почитуваат Протоколите за работа и мерките за заштита?

Директорката Јованоска мора да понесе одговорност за ваквото неесериозно однесување со кое директно ја загрозува безбедноста на децата.

Бараме веднаш да се откаже настанот закажан за вечерва за да спречи дополнителна штета.

Охриѓани ќе стават крај на скандалозното работење на Георгиески.

Доаѓа време на сериозно и одговорно работење!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.