22/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески да се вразуми, неговата понизност кон СДСМ ја плаќаат граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Георгиески е синоним за урбан хаос, селективност и партиски вработувања.

Иако е во тек оглас за 16 нови вработувања, Георгиески предлага нови 40 партиски послушници кои ќе ги вдоми во превработената Општина повторно удирајќи по џебот на охриѓани.

Наместо како што вети враќање на долгот на општина Охрид и одблокирање на сметката, решавање на горливите проблеми, охриѓани добија повисоки сметки за плаќање, урбан хаос, неуредени и неисчистени плажи, уништена туристичка сезона, раскопани улици, депонии и ѓубре низ целиот град.

Цел мандат на Власта предводена од СДСМ ќе заврши без ниту еден капитален проект, остануваат само лажните ветувања од страна на неработникот Герогиески.

Георгиески мисли дека со предизборните вработувања на грбот на граѓаните ќе добие и втор мандат. Но, времето на СДСМ и Георгиески во Охрид завршува.

За неколку месеци охриѓани ќе стават крај на ваквото секојдневие на безидејност што го нудат СДСМ и Георгиески.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.