22/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески не е способен да ги стави во функција рампите кај Горна порта

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„И по една недела од најавата рампите за влез и излез во стариот дел на градот кај Горна порта не функционираат.

Единствената главна инвестиција на Георгиески и локалната власт за сите четири години се рампите и нивната нефункционалност иако беше најавувано дека ќе функционираат од 1 јули.

Власта повторно создава хаос во сообраќајот и паркирањето како за жителите така и за туристите кои престојуваат во Охрид.

Зошто Георгиески не го спроведува режимот на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила?

Што ќе се случи доколку е потребна итна интервенција како брза помош, пожарна и слично?

Власта на СДСМ и Георгиески е синоним за хаос и неорганизираност.

За ваквото однесување СДСМ и Георгиески ќе бидат казнети на претстојните локални избори.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.