22/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиески не изгради ниту еден капитален проект, остана само селективното рушење

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во врска со вчерашната посета на премиерот Заев заедно со градоначалникот Георгиески на плажите во Охрид.

„Без ни малку срам Зоран Заев и Константин Георгиески прошетаа по плажите низ Охрид иако селективно постапуваат по препораките на УНЕСКО.

Власта никако не може да се справи со бесправно изградените објекти, па прави само гол популизам.

Убаво ќе беше Заев да каже што се случува со автопатот Кичево-Охрид наместо да нареди да се одложи минирањето и како туристите ќе доаѓаат во Охрид затоа што не можат сите да користат хеликоптер на државна сметка како него.

Само доколку Георгиески беше пред бетонската база на неговиот коалиционен партнер и ќе започне да ја руши може да каже дека неуморно работи за интересите на Охрид.

Ослепени од наводната идила, не знаеме како не им беше заматен погледот од запаленото ѓубре на Буково, впрочем и една од најголемите забелешки во препораките на УНЕСКО.

Двојно повисоките цени за вода не значат ништо за Георгиески, а ги поскапеа и сите сметки и трошоци за живот на граѓаните.

Не значи ниту тоа што сѐ уште има граѓани кои се соочуваат со недостиг на вода за пиење, ниту пак тоа што се излеваат фекалии во Охридското Езеро поради нефункционалниот колектор.

Наместо со Заев да се фалат со плажите тие треба да ги слушнат граѓаните и туристите како се жалат за паркингот што им се наплаќа.

Наместо Георгиески да се пофали со барем еден од ветените капитални проекти за него остана селективното рушење да биде главен приоритет.

СДСМ и Георгиески не сработија ништо и пропаѓаат, на есен ги очекува огромен пораз.

Време е за Охрид и Македонија за сите луѓе!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.