ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот Стојаноски и советниците од СДСМ го скратија буџетот
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски едно ветуваа на избори, но друго се случува по нив. Неспособноста за нивното менаџирање со Општината граѓаните ја чувствуваат во секоја сфера на живеење и не гледаат на терен никакви резултати.
Градоначалникот Стојаноски и советниците од СДСМ со одлуката на Советот на Општината за ребаланс на буџетот на општина Охрид скратија 10 милиони денари за изградба и реконструкција на фекална канализација и системи за водоснабдување.
Ова е ветуваната лажна иднина за Охрид, со која се покажува дека целта на СДСМ не е да направи добро за Охрид и охриѓани.
Пропаднаа ветувањата на градоначаникот Стојаноски за развој на Охрид, како и планот за подобар живот на охриѓани.
Апелираме до СДСМ и градоначалникот Стојаноски да престанат да работат само за своите интереси, на штета на граѓаните, и да започнат со реализација на ветените проекти.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.