22/11/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Струга се загрижени поради неодговорниот пристап на надлежните

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Скандалите во нашиот град, за жал, секојдневно се нижат. Жителите на улицата „Гоце Делчев“ се дават во кал.

За време на Локалните избори имавме можност да слушнеме најразлични предизборни ветувања од коалиционите партнери на СДСМ и ДУИ за граѓаните на општина Струга. Токму нивните проблеми ќе и беа приоритет на оваа коалиција и целосно ќе се заложеа за нивно решавање.

Господа од ДУИ и СДСМ, зошто го уништивте и последното градско јадро на старата архитектура, автентична за градот и зошто господине градоначалник, кога веќе ја ископавте улицата, не работите и луѓето кои живеат на улицата „Гоце Делчев“ се до колена закопани во кал?

Оваа улица исто така е типичен пример како Рамиз Мерко го поминува својот мандат како градоначалник во општина Струга.

Граѓаните се загрижени поради неодговорниот пристап на надлежните. Во старото градско јадро, во центарот на градот секојдневно поминуваат и туристи кои ова го гледаат, а верувајте, глетката не е нималку пријатна.

Го повикуваме градоначалникот, Рамиз Мерко да преземе одговорност со цел завршување на активностите на улицата „Гоце Делчев“ и што поскоро да се реши овој горчлив и сериозен проблем.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.