ВМРО-ДПМНЕ: И денес гори депонијата во Буково, а Георгиески се занимава со партиски трибини за да шири лаги и невистини
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Туристичката сезона во Охрид започната, а повеќе од една недела непријатна миризиба и чад од депонијата Буково ги труе жителите и туристите.
Георгиески нема капацитет да се справи со запалената депонија иако е една од главните забелешки во препораките на УНЕСКО.
Досега веќе требаше проблемот да биде решен, а не Георгиески да парадира на партиски трибини и да ги лаже охриѓани за нови проекти кога никој досега не видел ниту еден капитален проект.
Георгиески и надлежните се платени од граѓаните за да работат, а тие спијат и не се способни да ја спроведат работата за која се поставени и ангажирани.
Ваква незаинтересирана власт охриѓани не заслужуваат и за брзо ќе ја казнат на претстојните избори.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.