Реакција: ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков направија многу повеќе за една година отколку СДСМ за четири години
„Кристина Крлеска-Деспотоска се дрзна да ја критикува Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков откако СДСМ залудно потроши четири години исполнети со неработа, неспособност и лаги.
Охриѓани ги гледаат и чувствуваат промените, само одредени партиски послушници на СДСМ никако да се соочат со вистинската реалност.
Штом веќе ги тргнале розовите наочари да им ја освежиме меморијата и да ги потсетиме и запрашаме:
Кои катни гаражи и ликови на плоштадите ги бараат, тие кои за 4 години не ги направија?
Но, нека не се грижат ние сме тука за да градиме и реализираме, за разлика од нив кои единствено беа експерти за бројните дивоградби и загрозувањето на статусот на Охрид под УНЕСКО.
Градоначалникот Пецаков работи за подобар Охрид и мнозинството во Советот носи одлуки за доброто на сите охриѓани и транспарентно ги троши средствата од Буџетот.
За една година долговите кои ги остави криминалната власт на СДСМ се исплаќаат без воопшто да не се генерираат нови.
Вложено е посебно внимание на условите во кои работат училиштата и спроведени се инвестиции во сите училишта кои за првпат немаат никаков долг. За првпат првачињата добија по 3000 денари, за лицата со ретки болести и посебни потреби се обезбедија стипендии, како и образовен додаток по 6000 денари за студенти од семејства со социјален ризик.
Отворен е Младински центар, прв во Македонија. Велгошти добива повеќенаменско игралиште. Санирани се и реконструирани детски игралишта на повеќе локации, а огромна финансиска поддршка се дава на спортски настани, клубови, манифестации и спортисти, како и на културни манифестации, здруженија и настани.
Булеварот „Македонски просветители“ донесе автентичен лик на централното подрачје, реконструирани се улиците „Момчило Јорданоски“, „Прилепска“, „Будва“, асфалтирани се повеќе улици низ општината, извршена е санација на потпорни ѕидови и поплочување.
Реконструкција на водоводна линија на улиците „Ѓорче Петров“, „Ирина Мирка Гинова“, „Бранко Шотра“, нов цевковод во Шипокно и уште многу проекти за осовременување на водоводната мрежа.
Нова фекална канализација на „Будва“, „Винковачка“, „Живко Чинго“, во село Лескоец и уште многу инвестиции за подобрување на системот за отпадни води.
Постигнатите резултати на јавните претпријатија доволно зборуваат за грижата кон охриѓани и Охрид.
Од партиски популизам и поигрување со националните чувства и понижување на Македонците друго ништо повеќе не знае СДСМ.
Нека гледаат и учат како се работи, како се реализираат проекти и како се сака Охрид со дела!“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
WebOhrid / 08.11.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид