ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофална е состојбата во програмското управување и менаџирањето со човечките ресурси и вработени во НУЦК „Григор Прличев“
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.
„Културата и културните содржини во Охрид ниту со Константин Георгиески, ниту со Зоран Заев одат напред. Во НУЦК „Григор Прличев“ катастрофална е состојбата во програмското управување и менаџирањето со човечките ресурси и вработени во институцијата.
Дали за директорот Горан Симоновски стручно управување значи да се дискредитира работната етика, професионалност и еднаквост кај вработените?
Зошто во повеќето одделенија речиси половина од вработените не доаѓаат и не се повикуваат да се појавуваат секој ден на работа без никакво образложение од страна на раководството на установата?
Од друга страна вработените во Одделението за техничка служба се организираат во работа на смени.
Зошто на оваа категорија вработени огромен дел од своето работно време им се наложува да вршат други работи кои не кореспондираат со опусот на нивните работни задачи?
Нели ваквиот однос индицира на еклатантен облик за притисок врз вработените и покрај нивната континуирана професионална работна ангажираност при работниот процес?
ВМРО-ДПМНЕ бара од Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд, подрачно одделение – Охрид да спроведат:
Проверка на работната евиденција на сите вработени во Установата,
Обезбедување еднаков третман согласно работните компетенции и задолженија на сите вработени во Установата,
Заштита од несоодветни работни задолженија, спротивни на нивните работни квалификации и компетенции за време на работното време и процес во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.
За Власта на СДСМ којашто ветуваше живот за сите, не важат приципите на солидарност, еднаквост и работна етика.“ – истакна Божиновски.