25/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Лазаревска и СДСМ можеа да им помогнат на младите, а им отворија само еден пат, пат за надвор од Охрид и Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во врска со изјавата на пратеничката Жаклина Лазаревска.

„Жаклина Лазаревска ќе биде запаметена како најголемиот уништувач на судбините на младите, посебно на вработените во областа на образованието. Семејствата коишто ги остави на работ на егзистенција овојпат ќе ѝ пресудат и за среќа на охриѓани нема да биде во новиот парламентарен состав во Собранието на Република Македонија.

Младите овојпат ќе ги казнат Лазаревска и СДСМ затоа што можеа да им помогнат, а им отворија само еден пат, пат за надвор од Охрид и Македонија.

Можеа да ја надоградат иднината, но го избришаа минатото.

СДСМ и Лазаревска две години ветуваа датум, а датум нема.

СДСМ не донесе ниту една поголема странска или домашна инвестиција во Охрид и охридско.

СДСМ може само повеќе криминал, повеќе корупција и само порази.

Лазаревска и СДСМ немаат што да понудат за Охрид и охриѓани.

На 15 јули охриѓани одбираат обнова на Македонија.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.