ВМРО-ДПМНЕ: Мерко и СДСМ ја украсија Струга со албански знамиња
ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Во пресрет на 28ми Ноември, Ден на независноста на Албанија или Ден на албанското знаме, градоначалникот на град Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициони партнери од СДСМ го украсија градот со албански знамиња.
Господине Мерко, да Ве потсетиме дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација.
Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава.
Што сакате да постигнете со овај потег?
За ваков ли соживот зборувавте?
Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе?
За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК – Струга.