22/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Не сме против поставување урбана опрема и реквизити, но не смее да се поставува насекаде низ градот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„ВМРО-ДПМНЕ не е против поставување урбана опрема и реквизити, но не смее да се поставува насекаде низ градот како што е случајот ова лето и предизвиканиот хаос за туристичката сезона.

Сликата нека коментира за тоа каков ред воведувате господине градоначалник Стојаноски заедно со СДСМ…

Објект и лесковачка скара на пешачка и велосипедска патека во Студенчишко блато.

Охрид не заслужува ваков туризам, затоа Ви порачуваме не ги потценувајте граѓаните, тие не се со кратко паметење.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.