26/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: На средина од туристичка сезона Локалната самоуправа сè уште спие во зимски сон

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„СДСМ и градоналаникот Стојаноски не преземаат никакви мерки за Охрид да биде препознатлива туристичка дестинација. Мерки коишто водат кон зголемување на бројот на туристички ноќевања, економскиот развој, придонес за нови вработувања, подигнување на стандардот на локалните жители, и зголемување на траењето на туристичката сезона на градот Охрид.

Туристичата сезона е веќе започната а сè уште во Охрид не функционираат санитарните контејнери. Проблемот што санитарните контејнери-јавни тоалети во Охрид не функционираат го чувствуваат вработените во дуќаните во централното градско подрачје, туристите, таксистите, постарите луѓе. Зарем начин е туристите да молат по кафани, ресторани, апартамни за своите физиолошки потреби во туристички град?

ВМРО-ДПМНЕ додека ја имаше Локалната самоуправа ги направи сите потребни процедури. Утврдивме локации и издадовме одобрение пред да дојде СДСМ на власт. Истоа така обезбедивме преку проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за изработка, опремување и монтажа на санитарни контејнери, кај Горна Порта модул со два тоалета и ТЦ АМАМ модул со три тоалети, за мажи, жени и лица со посебни потреби. Средствата ги обезбедивме преку програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Зошто Локалната самоуправа и Стојаноски не преземаат никакви активности знаејќи дека тоа им е законска обврска предвидена со Законот за јавна чистота? До каде е поврзувањето на струјата и канализацијата за тие да бидат ставени во функција? Колкава е грижата на ЈП „Охридски комуналец“ и зошто сè уште нема набавено апарати за наплата?

Почитувани,

Вака не се води град, на овој начин не се води туристичка дестинација. Охриѓани и туристите заслужуваат подобро. Охрид мора да оди напред!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.