23/11/2024
Охрид

ВМРО – ДПМНЕ Охрид со честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици

ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид упати  честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

„Почитувани,

На сите православни верници ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид им го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици.

На денот кога ги осветуваме нашите води најискрено да посакаме во нашите срца да се вселат мирот, хармонијата и разбирањето, трпението и милосрдието. Денес сите македонски води се богојавленски води, да празнуваме и да се радуваме на денот кога Бог не приближи кон себе и ни дари нов живот.

Исусовото крштевање е симбол на духовното раѓање и почеток на човековото живеење во верата и богоугодниот пат. Славејќи го Христовото крштевање да го прославуваме и нашето духовно раѓање и да ја потврдиме смислата на нашите животи. Да нè поттикнува да се пронајдеме во верата, да го сочуваме и продолжиме христијанското учење за покајанието и прочистувањето, за љубовта, трпението и милосрдието.Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник- Богојавление – Водици.

БОГ СЕ ЈАВИ!“- стои во  честитката.