ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод празникот Божиќ
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни верници им упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ.
„Мигови во кои симболиката на раѓањето на Исус Христос потсетува на непокорливоста на човечкиот дух и постојаното раѓање на нова надеж, мотивација, волја и инспирација со кои се градиме себе си и подобрата иднина за Охрид и Македонија.
Во овие празнични мигови да се присетиме на христијанските вредности на милосрдие, љубов, хуманост и толеранција кон нашите ближни, кон пријателите и нашите соседи. Светлоста на Божиќ нека биде водилка на секој од нас на нашиот пат кон личниот успех и среќа. Радоста на овој празник нека биде поттик да бидеме солидарни и хумани. Во духот на нашата традиција, посакуваме како што сме сплотени за време на празниците, така да бидеме заедно и во текот на целата година. Меѓу себе да бидеме човечни, да си помагаме и да се почитуваме.
Посакуваме и Бадник и Божиќ, на сите христијански верници да им донесат многу здравје, среќа, љубов и мир.
Нека е честит големиот христијански празник!
ХРИСТОС СЕ РОДИ!“- стои во честитката.