ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за празникот Мала Богородица
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни верници им го честита христијанскиот празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица.
„Богородичното раѓање е празник на мајката на сите мајки, почеток на нашето спасение.
Во нејзиното раѓање се манифестира врв на синергија помеѓу Божествената благодат и човечкиот труд.
Нека Богомајката секогаш нè води по сигурниот пат, патот на милосрдието, на благовестната љубов и смирението.
Нека помогне да ги поднесеме разните искушенија и тешкотии, што ги носи секојдневниот живот, зашто нашата надеж е во Богомајката.
Нека е честит празникот Рождество на Пресвета Богородица!“– стои во честитката.