22/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани место воздух дишат отров

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Охрид со Локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески се најде на врвот на најзагадени градови во Македонија.

За Георгиески чистиот воздух не е клучен за здравјето и за животот на охриѓани и не презема ништо за да се справи со проблемот.

На мерната станица ,,Марко Цепенков“ во текот на вчерашниот ден се измерени најмногу 488 мг на метар кубен ПМ честички во воздухот во Охрид. Охриѓани место воздух дишат отров.

Власта и Георгиески воопшто не се подготвени за решавање на проблемите, туку создаваат нови и нови.

Депонијата „Буково“ гори, урбанизацијата во централното градско подрачје воопшто не е прекината, градежна механизација насекаде, континуирано се сечат дрва и се уништува зеленилото, хигиената е на најниско ниво, улиците со кал и прашина воопшто неизметени и за жал секојдневно никнуваат нови депонии во градот.

Веќе е крајот на годината, а од изградбата на фабрика за отпад нема никаква трага.

Многу блиску е и месец февруари, господине Георгиески треба да им одговорите на УНЕСКО што направивте од ветеното со депонијата „Буково“.

Георгиески воопшто не обезбедува услови за здрав живот за сите.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.