ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Катастрофален нееколошки потег на уништување зеленило кај месноста „Горица“
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ветија зголемување на зелените површини, а веќе извесен период се вршат масовни сечи на здрави дрва низ градот.
Катастрофален нееколошки потег на уништување зеленило се случи вчера со сечењето дрва кај месноста „Горица“.
Дали за Георгиески ваквото сериозно уништување на зеленилото е грижа за животната средина?
Наместо современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден туристички центар оваа Локална власт ја уништува животната средина.
Фотографиите од терен го демантираат градоначалникот Георгиески дека исечените дрва биле стари бидејќи се гледа дека тие се во добра состојба.
Дали се сечени стебла и на друга парцела под патеката, која е во сопственост на Република Македонија?
Згрозени сме од ароганцијата на градоначалникот Георгиески со која сака да ја потцени интелигенцијата на граѓаните.
Наместо да порачувате кој и што треба да прави, како Локална самоуправа сте одговорни за обезбедување чист воздух и заштита на животната средина кое се прави со садење нови дрва, а не сечење на малкуте останати.
Охриѓани не ги забораваат од претходно исечениот дрворед кај Горица околу Вилата на Претседателот на РМ, целиот дрворед здрави дрва кај Општината како и на неколку атрактивни локации низ центарот на градот.
Кажете Вие колку нови дрва засадивте во вашето владеење?“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.