ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод Денот на наставата на турски јазик
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.
„Јазикот е душата на една нација. Мајчиниот јазик е значаен елемент од националниот и културен идентитет и преку него се негуваат културните и верски традиции.
Турската заедница како нераскинлив дел во Охрид придонесува за целокупниот општествен развој како на градот така и на Македонија.
Само со почит, соработка и разбирање ќе успееме во заедничката цел за подобро утре и посветла иднина.
Упатуваме искрени честитки за здравје, среќа и успех.
Нека Ви е честит 21 Декември – Денот на настава на турски јазик !“ – стои во честитката.